Средношколците најавија протестен камп пред МОН

Од:

Средношколски пленум денеска соопшти дека продолжуваат со протестот поради лошите реформи во образованието, а од утре започнат да кампуваат пред Министерството за образование и наука.

„На денешниот генерален пленум едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави во понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да не прими на средба“, напиша Средношколскиот пленум на својата фејсбук-страница.

Средношколците по завршувањето на бојкотот на наставата во училиштата, учениците ќе се селат во кампот, каде ќе се собираат потписи за поддршка нивните барања и ќе се одржуваат и алтернативни предавања преку кои имаат за цел да им помогнат на учениците да го надоместат пропушениот материјал поради бојкотот.

Повеќе од 18.000 средношколци три недели ја бојкотираат наставата, барајќи враќање на стариот концепт на полагање државна матура, укинување на математиката како задолжителен предмет и повлекување на законот за екстрено терсирање. Средношколците, кои досега одржаа три масовни марша, бараат прием кај министерот за образование Абдулаќим Адеми, но засега од МОН нема одговор на нивното барање.

Извор: Мета