Вчера во Митрополијата во стариот дел на Охрид се одржа средба помеѓу Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
На средбата беше разговарано за прашања од значење за Дебарско-кичевската епархија и жителите на Охрид и околината. Беше истакната потребата од соработка во заштитата на недвижното и движното црковно културно наследство со кое Охрид е препознатлив во целиот свет.
Директорот Сотировски прими честитки за изборот од Митрополитот Тимотеј и притоа ја истакна својата почит за целокупниот придонес што г. Тимотеј го има за македонското општество во духовна, културна и етичка смисла. Во идниот период КОВЗРГ и Дебарско-кичевската епархија ќе ја продлабочат својата соработка во повеќе области од взаемен интерес.
