А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

До среда ќе се знае колку пари ќе чини кампањата за референдумот

by А1он20/08/2018 - 08:23182
Share0

До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата.

Добивај вести на вибер

Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Од Министерството за одбрана веќе излегоа со информација дека ќе одвојат нешто помалку од 60 милиони денари за кампањата.

– Министерството за одбрана е едно од тие кои најмногу треба да биде заинтересирано за нашиот стратешки приоритет и од нашиот сектор за финансии испративме информација дека на располагање ставаме нешто помалку од 60 милиони денари, кои беа планирани за слични активности, но кои сметаме дека е подобро да ги искористи Собранието, а не ние поединечно, изјави во саботата министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека во среда на владина седница официјално ќе биде одредена сумата за кампањата.

Другите министерства досега јавно не излегоа со информација колку пари ќе пренаменат за кампањата за референдумот.

Одлуката за кампања за претстојниот референдум беше донесена на последната владина седница. Од Владата најавија дека кампањата ќе биде информативна со цел да се споделат информации од јавен интерес околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен