Спречен обид на мигранти илегално да влезат во Македонија

Од:

Околу 300 до 400 мигранти денеска од грчка страна се обиделе да стигнат до крајот на оградата по граничната линија меѓу Македонија и Грција, соопшти МВР.

Мигрантите сакале илегално да ја преминат границата кон Македонија, но биле спречени од полициските службеници и вратени на грчката страна.