Сите субјекти треба да се воздржат од креирање на вештачки сценарија со кои се добиваат евтини политички поени на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните, изјавил Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на средбата со заменик помошник на државниот секретар на САД, Хојт Ли.
„Злоупотребата на етничките и верските симболи што се случува деновиве и може да има не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопа процесите за фер, слободни и демократски избори“, рекол Спасовски на средбата.
Двајцата соговорници се согласиле дека политичката криза во Македонија може да се реши само со фер, демократски и кредибилни избори, а сите политички фактори треба да ја поддржат работата на институциите, соопштуваат од МВР.
На средбата било разговарано и за миграциската криза, активностите и операциите кои се преземаат за справување со неа.