До Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во општина Куманово се доставени 3.800 барања за легализација до истекот на дополнителниотр краен рок, 31 март годинава, предвиден согласно измените на Законот за легализација на бесправни градби.
Раководителот на секторот, Лидија Ланг Спасовска, апелираше до граѓаните да го искористат времето кое преостанува, до крајот на месецов, и да ги достават елаборатите за веќе доставените барања за легализација од 2011 година, за да можат, како што појасни службите да го процесуираат и обработат. Граѓаните кои што барањата ги доставиле во дополнителниот законски рок, имаат можност да ги достават елаборатите или да ги докомплетираат документите, до декември следната година.
– Многу е битно да се знае и апелирам до сите граѓани кои што го имаат оставрено своето право за поднесување на барање за легализација на бесправно изградени објекти 2011 година дека последен рок за доставување на елаборати е 31 декември 2016. Во овој момент не можеме да излеземе со конкретни бројки за доставените елаборати, ќе почекаме да се запази рокот, така што податоците, колку елаборати се доставени ќе бидат достапни во јануари наредната година, изјави раководителот на секторот за урбанизам од општина Куманово,Лидија Ланг Спасовска.
Оние кои не ги оствариле своите права и немаат комплетно доставена документација до секторот за урбанизам,додаде Ланг Спасовска,ќе бидат затворени и одбиени како нецелосни.