На магистралниот пат А-1 Кавадарци – Прилеп, на 34 километри од село Тројанци, сообраќајот се одвива по две коловозни ленти поради сообраќајна незгода, соопшти ЈП Македонијапат.
Се врши увид и се чека дислокација на возилата учесници во незгодата. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и има присуство на сообраќајна полиција.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.