Сообраќајот на патиштата по претежно суви коловози, слаб снег на планиските премини

Од:

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Од ЈП Македонија пат информираат дека слаб снег паѓа на планиските премини Попова Шапка, Маврово, Стража, Пресеека, Буково и Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците, информираат од АМСМ, можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.