Сообраќајот кај тунелот Катланово по една коловозна лента

Од:

Сообраќајот на патниот правец Велес-Скопје, кај тунелот Катланово, од 15:25 часот се одвива по една коловозна лента.

Како што информира АМСМ, движењето на возилата е забавено, бидејќи е направена долга колона.
Кај тунел Катланово денеска околу 13:50 часот се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две товарни возила и еден патнички автомобил.

Како што информираат од СВР Велес, во сообраќајката едно лице е повредено и со Брза помош е однесено на Скопските клиники.