Сообраќајка во Струмица, едно лице тешко повредено

Од:

Страшна сообраќајна несреќа се случи викендов во Струмица во која едно лице е тешко повредено.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера во 15 часот и 50 минути на булеварот Гоце Делчев, кога БМВ управувано од 38-годишниот П.Ј. од Струмица, удрило во Пежо 307 управувано од 35-годишниот И.Д. од струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од Пежото, 68-годишната З.Д., на која итно и е укажана лекарска помош.

Би можело да ве интересира

Во девет сообраќајки пет лица повредени

А1он

Викендов 30 сообраќајки, 26 повредени од кои еден потешко

А1он