Сообраќајка на Илинденска, моторџија се бори за живот

Од:

Сообраќајна несреќа се случила синоќа на булеварот Илинденска околу 20 часот, по која едно лице се бори за живот.

До несреќата дошло откако се судриле два автомобила и еден мотор, јавуваат медиумите.

Тешко повреден е возачот на моторот, кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар. Според очевидци, возачот на едниот автомобил побегнал од местото на несреќата, а мотоциклистот се бори за живот.

Според првичните информации, во сообраќајката учествувале „ауди“, „фиат пунто“ и мотор.