Солза Грчева: Судството да се откине од канџите на политиката и да пресудува без предрасуди

Од:

Солза Грчева од Глас за Македонија со писмено соопштение изрази сочувство за смртта на Никола Саздовски и побара злосторството да биде соодветно казнето.

„Свирепото убиство на Саздо мора да биде соодветно казнето. Глас за Македонија бара безусловно, судството да се откине од канџите на политиката и да пресудува без предрасуди, без дискриминација, без влијание од центрите на моќ, кои ги гледаме постојано во судските процеси. Уште колку млади животи ќе згаснат пред да се преземат ригорозни и превентивни мерки за безбедноста на младите?!

Пропагандната војна која перфидно ја започнаа во одбрана на МВР и Спасовски предизвикува само контра ефект. Секому му е јасно дека е монструозно да ги делиш и мртвите на “наши“ и “ваши“. Сочувство до семејството, до “Комити“ и до сите граѓани кои се шокирани од смртта на младиот Комита.

Слава му на Никола Саздовски и нека почива во мир“ се вели во соопштението на Глас за Македонија.