Собранието го изгласа новиот состав на ДИК

Од:

Без дискусија, со 100 гласа „за” беше изгласан новиот состав на Државната изборна комисија.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Во ДИК од партијата Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.

Дневниот ред беше изгласан со 99 гласови. По ова беше прекината работата на Собранието, за да заседаваат матичните комисии за двата закони.

Кристијан Ландов