Со преговарање Гази Баба и Ѓорче Петров го набавија весникот Вечер

Од:

За речиси 2500 евра, општина Гази Баба го набави дневниот весник Вечер. Договорот се однесува за набавка на дневното издание за период од една година.

Договорот за набавка на весникот кој е на линија со актуелната политика на владеачката гарнитура е набавен со постапка на преговарање без претходно објавување оглас.

Во објавата за нававка на дневниот весник Вечер одлуката да се набави со постапка на преговарње како објаснување е наведено:

„кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права (патенти и сл.), договорот може да го изврши само одреден економски оператор“

Бобан Богадновски Андрески е управител а сопственик на Вечер е Сашо Богдановски кој е негов брат. Главен и одговорен уредник е Ивона Талевска а уредник на информативната редакција е Драган Павловиќ-Латас.

Сашо Богдановски е сопственик на Вечер од 16 мај 2008 година.

Управителот на Вечер Прес ДООЕЛ Бобан Богдановски Андрески, се јавува како сопственик во уште две фирми, ЦРЦ- друштво за регистрација на возила и е еден од сопствениците на осигурително брокерско друштво Цертус АД Скопје.

Сопственикот на Вечер Сашо Богдановски е управител во АБЦ принт ДООЕЛ Скопје а таа фирма е во сопственост на прв приватен европски универзитет.

Братот на зетот на Андрески, Сашо Богдановски е управител во Европринт ДООЕЛ што е сопственост на Бојо Андрески.

Освен Вечер, општина Гази Баба го набави и дневниот весник Нова Македонија но за 50.000 денари поевтино.

Па така за една година општина Гази Баба на фирмата Репро Принт ДОО која се јавувава како носител на набавката ќе и плати 100.000 денари со пресметан ДДВ.

Како и весникот Вечер така и Нова Македонија е набавена со постапка со преговарање без претходно објавување оглас.

Изданија на дневниот весник Вечер набави и општина Ѓорче Петров и тоа за 162.750 денари со вклучен ДДВ или по 14,29 денари по примерок.

Општина Ѓорче Петров исто како и Гази Баба го набави за тековната година и весникот Нова Македонија и тоа за 165.200 денари со вклучен ДДВ.

И двата весника се набавени со постапка со преговарање исто како и во случајот на општина Гази Баба.

Според јавно достапните информации на бирото за јавни набавки општините Ѓорче Петров и Гази Баба редовно ги набавувале весниците Вечер и Нова Македонија уште од 2012-та. Сите набавки се со постапка со преговарање без претходно објавување оглас.