Со коледарски песни децата го најавија Христовото раѓање

Од:

Денеска е коледе, утре е Божик пееја утрово децата, најавувајќи го Христовото раѓање.Со торби в раце, тропаа на вратите, а за убавата вест, од домаќинките беа наградени со костени, ореви, јаболка, круши, бонбони и парички.

Овој ден завршува со бадникова вечера на која се собира семејството. На посната трпезата има риба, пита, гравче, риба, ореви, костени и месеното лепче со паричка.

Според верувањето, на оној кој ќе му падне паричето , ќе има среќа цела година.