Скопското село Никиштани без струја, во пожарот изгореа дрвените бандери

Од:
Екипите на приотивпожарната екипа на градот Скопје цела вечер ќе останат на терен со цел да не  дојде до проширување на пожарот во Скопско, во атарот на селата Никиштане и Орман. Како што информираат од општина Ѓорче Петров, големиот пожар во атарот на селото Никиштане зафати дабова и нискостеблеста шума кој може да се забележи уште од надвозникот во Ѓорче Петров.
Противпожарни екипи со четири возила и цистерни од ЈП „Водовод и канализација“ се на лице место  и будно се следи состојбата.  На терен уште од попладневните часови е и градоначалникот Сокол Митровски , а исто така присутни се и екипи на ЕВН кои ја следат  состојбата со напојување на струја во другите делови од руралниот дел на општината, Волково и Орман која во моментов е стабилизирана.
Електрична енергија нема само селото Никиштани, бидејќи дел од дрвените бандери изгореа во пожарот, но се превземаат мерки и тоа да се санира. Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот , но променливиот ветер прави проблеми и го менува правецот на движење на огнената стихија.