Скопје најзагаден град во Европа

Од:

На врвот на листата на најзагадени европски градови се наоѓа Скопје, на петто место е Тирана, а Сараево е на 12 место на неславната листа, пишува сајтот 24sata.info.

Според податоците на веб страната numbeo.com, која собира информации за градовите во различни категории, Скопје е најзагадениот град во Европа со индекс на загаденост од 84, 82. И претходните години граѓаните на Скопје се бореа со загадениот воздух.

-Граѓаните се надеваат дека овој проблем систематски ќе биде решен, а д тогаш спасот го бараат на планината Водно, каде одат барем на неколку часа да можат да дишат чист воздух, пишува сајтот.

На второ место на листата е Москва со индекс 81, 58, а на третото место е Киев. Италијанскиот индустриски центар Торино се наоѓа на четвртото место на оваа листа.