Скопјанец нападнал полицаец откако не го пуштиле да влезе во станица без маска

Од:

62-годишен скопјанец бил уапсен вчера во полициската станица Карпош, каде предизвикал инцидент и нападнал полицаец, откако сакал да влезе во зградата на станица без маска, а не му било дозволено, соопшти МВР.

„На 06.10.2020 околу 13.15 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(62) од Скопје, кој при влез во станицата физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, бидејќи не му било дозволено да влезе без заштитна маска на лицето,“ се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачот ќе добие соодветна пријава, откако случајот ќе биде целосно документиран, додаваат од полицијата.