Музичкиот уредник во МТВ Орце Гелевски и ја демолирал маздата на фолк пеачката Саманта.
„ Старите сметки уредникот според пејачката ноќеска ги расчистувал со фрлање солна киселина и дупење на две гуми на нејзиниот автомобил паркиран пред нејзината куќа на Водно. Саманта викнала утрово полиција и на камерите од видео надзорот кој го има на нејзината куќа виделе како Орце Гелевски го прави криминалниот чин“ го објави скандалот Либертас.
Пред малку полицијата си замина вели Саманта за Либертас и додава дека таа независно од полицијата ќе го тужи.
Саманта и Орце, пишува порталот, биле и на суд по нејзиното јавно тврдење пред пет години дека и барал рекет за да пее на фолк фест Валандово 2008. Судскиот процес според , иако тужел, Гелевски го изгубил.
„Осветата од Орце ете стаса ноќеска но не врз мене туку бесот го истурил на мојот авотомобил. Е сега има јас да го гонам до крај“, изјави фолк пеачката за Либератс.
Фото:Либертас