СКАНДАЛ: Измамени туристи

Од:

Скандал во Прилеп. Револтирани граѓани синиќа ја окупирале туристичката агенција „Вијаџо“, по што морала да интервенира полицијата.

Група од 40-тина прилепчани, што се само дел од измамените патници одбивале да излезат од Агенцијата се додека не се реши проблемот и не им се вратат парите. Дел од нив биле на годишен одмор во Шпанија, дел требало допрва да патуваат Тие што се вратиле и сеуште се во Шпанија не можеле да се сместат или да се вратат назад поради неподмирени сметки од туристичката агенција.

„Вијаџо“ обезбедил само карти преку ТА „Орфеј“ а кога патниците стигнале таму останале на аеродром, зашто хотелските соби биле само резервирани, но не и платени.

Дел од патниците на своја сметка нашле приватно сместување. Другите што уплатиле си ги бараат парите назад, но според зборовите на сопственичката, парите ги нема. Долгот бил околу 120.000 евра.

Синоќа, полицијата ја повикала на раговор сопственичката на Агенцијата, а еден час подоцна ја пуштиле. Моментално има заглавени туристи во Шпанија, меѓу кои и една обвинителка, заглавени се и деца на судија и адвокати.

Родителите на четири деца биле најмногу револтирани зашто отпатувале во Египет, а билетот бил само во еден правец и барале начин како да ги вратат назад. Заглавиле и сите што отишле на одмор во Грција.

Сопственичката на Агенцијата се правдала дека не знае каде се парите и дека ќе земе кредит за да ги обештети.