СЈО: Земавме дел од бараните податоци од УБК

Од:

Специјалното јавно обвинителство на својот веб сајт информира дека одзеле дел од бараните податоци од УБК.

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, велат од СЈО.