Синдикатот на Клинички центри го осуди инцидентот во Тетово

Од:

Самостојниот синдикат на Клинички центри го осуди физичкиот и вербален напад врз дежурниот доктор и медицинската сестра на Детското одделение во Тетово. Тие го повторуваат барањето за ефикасна и професионална заштита на докторите.

– На сторителите на овој и слични настани треба да им се изрекуваат казни кои покрај другото ќе придонесат во иднина да не се повторуваат појавите на насилничко однесување врз здравствените работници и соработници во извршувањето на нивната хумана дејност, пишува во соопштението.

Ова е втор напад врз доктор во последните два месеца. Претходниот напад се случи на Клиниките во Скопје, кога докторот беше застрелан затоа што не успеал да ја спаси болната мајка на напаѓачот.