По отпуштањата на новинари во Алфа Телевизија, Синдикатот на новинарите веќе упати формално барање за средба со менаџментот на телевизијата.
– За членовите е веќе обезбедена правна помош и преземени се сите неопходни чекори. Во меѓувреме сме во постојана комуникација со членството во ТВ Алфа – велат од ССНМ.
Вчера отказ од телевизијата добил новинарот Бојан Стојановски, кој е добитник на годинешната награда на МИМ за истражувачка сторија.
Сторијата на тема партиски вработувања беше емитувана пред да се случат драстичните промени во уредувачката политика на оваа тв куќа.