Син со нож си го убил таткото

Од:

Синоќа на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп, е уапсен А.М.(26) од село Селце, прилепско. Тој се сомничи дека дента околу 20 часот во семејниот дом во Селце, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко М.М.(52), кој подоцна починал.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.