Силно невреме во Кавадарци

Од:

Невреме проследено со пороен дожд и грмежи го погоди Кавадарци попладнево, пренесе Макфакс.

Невремето започнало околу 15 часот, а врнежите од дожд ги поплавиле улиците во градот за само 15 минути.

За сега нема информации за штети од поплавите.