А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Силниот ветер предизвика штети во Кавадарци, нема повредени

by А1он01/04/2018 - 13:36230
Share0

Силниот ветер во Кавадарци откорна дел од покрив на зграда и искрши стакла од прозорци на објект. Паднати се и неколку дрвја во централното градско подрачје. Нема повредени лица.

Добивај вести на вибер

– Од зградата на улицата „Илинденска” на старата автобуска станица висеше парче лим кое претставуваше опасност за пешаците. Парчето лим беше острането со помош на противпожарно возило и полицијата. Од зградата на „Водостопанство” имаше опасност од паѓање на стакла од неколку прозорци и дел од фасадата. Полицајци го обезбедува тротоарот поради безбедност за пешаците. Стаклата се искршија, а за среќа нема повредени, изјави градоначалникот Митко Јанчев, кој излезе на лице место за да ја согледа состојбата.

Тој информира дека како последица на ветерот паднати се и неколку дрвја низ градот и оти петнаесетина работници на комуналното претпријатие интензивно работат на нивно отстранување.

Во меѓувреме биле пријавени и неколку пожари на оџаци.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто