Полициските спасувачи кај плажата на охридскиот хотел „Парк“, жива и здрава ја пронајдоа жената, која од најблиските беше пријавена дека најверојатно се удавила во Охридското Езеро.
Полицијата извести дека околу 10.30 часот ја пронашле жената додека пливала во езерото. Големата потрага по неа започна утрово околу еден часот. Во големата потрага беа вклучени и тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција.
Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 часот, за повторно да продолжи во 5.30 часот и траеше се до 10 часот утрово.