ФОТО: Шут, смет и исушени дрвја околу Собранието

Од:

Сликата во строгиот центар на Скопје, околу Законодавниот дом е поразителна. Исушена трева и дрвја, шут и пластични шишиња насекаде. Наместо во контејнери, отпадот е расфрлан насекаде.

Одговорноста, како по обичај, се префрла на друга страна. Ова е на територија на општина Центар, на еден дел требаше да се прави катна гаража, но грдата слика стои со години. Со паркингот стопанисува ПОЦ, но и тука видливо е дека некој заборавил да го одржува, затоа што дупките се причина на уништување на возилата. Во работни денови секој се паркира каде сака, возилата се заглавени, а за пратениците, сенките под дрвјата се измислено место за паркирање.