А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипското текстилно училиште доби програма и за возрасни

by А1он06/06/2018 - 16:40189
Share0

Штипското средно текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ доби верифицирана програма за образование на возрасни.

Добивај вести на вибер

Директорот на Средното општинско училиште (СОУ) „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски вели дека програмата за возрасни е за шивач на текстилни материјали.

– СОУ „Димитар Мирасчиев“ оваа година има верифицирана програма за образование на возрасни, тоа е Шивач на текстилни материјали. Во соработка со компанија од Штип и Агенцијата за вработување, ќе можеме да вршиме обука на невработени кандидати кои ќе се јават во Агенцијата за вработување и ќе бидат заинтересирани да ја посетуваат оваа обука. Во текот на наредната недела очекуваме верификација и на инстутцијата за образование на возрасни односно на делот за обука на шивачи на текстилни материјали, рече Доневски.

Тој најави дека како средно училиште веќе имаат воспоставувано и соработка со училишта во Италија.

– Единствено средно училиште во Македонија сме што сме вклучени во италијанската Фондација Чис. Нивни преставници утре ни доаѓаат во посета и следната учебна година група на наставници и ученици од нашето училиште ќе престојуваат во Палермо – Сицилија, каде ќе имаат неколку дневна професионална обука, рече Доневски.

Тој истакна дека во текот на учебната година имале неколку инвестиции, а меѓу кои и реновирање на тоалетите, поставени се клупи во училишниот двор и хортикултурно е уреден. Пролеттва, учениците со свои креации успешно се преставија на повеќе модни ревии. Во единственото средно текстилно училиште во источниот регион се едуцираат само 75 ученици.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто