Штефан Филе е во Скопје?

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска е во Скопје, објави Плусинфо од добро упатени извори.

Иако, претпладнево беше објaвeна официјална информација дека Филе ја откажува посетата на Македонија, како што претходно било договорено, поради актуелната политичка ситуација, тој сепак пристигнал синоќа во Скопје.

Ова не е првпат Филе да дојде во Скопје ненајавено. Тој на 23 јануари годинава во тајна посета се сретна со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Тогаш, како и сега, целта на средбата била да се разговара за надминување на политичката криза во Македонија.

Со оглед на актуелниот политички ќорсокак во кој се најде Македонија сметам дека мојата посета за да се раговара за подготовките на пролетниот извештај е несоодветна, се вели во официјалниот став на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Соопштувајќи дека ја откажува својата посета на Скопје Филе вели:

Фрустриран сум заради отсуството на напредок во процесот за изнаоѓање на решение за политичката криза, вели Филе.

Сега е императив политичките лидери во Скопје да ја превземат одговорноста и да најдат решение. Да демострираат зрелост на демократските институции и да ги истакнат интересите на држата и граѓаните, соопштува Филе.