Поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер во интервју за Дојче Веле со осуда за онесувањето на Ѓорге Иванов затоа што тој не дава одговор што да се прави сега и како да се надмине актуелната состојба во државата, која е закочена.
-Единствената преостаната опција тогаш би биле нови избори што ќе значи нови месеци на целосна стагнација и тоа секако не е добро за земјата. Тоа ќе биде многу скап избор за мала земја како Македонија, а организирањето избори толку често е тешко.
Сметам дека секогаш мора да се земат в предвид сите опции и тоа е една опција, да ѝ се даде шанса на опозицијата да формира влада, а доколку не успее, секако дека нови избори се неизбежни. Но мислам дека е мудро да ѝ се даде таква шанса на опозицијата.
Таа говори и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за кого вели деке неговата репутација е тешко оштетена поради аферата со прислушувањето- која сѐ уште не е расчистена.
-Мораме да видиме што ќе открие Специјалното обвинителство. Знаеме колку често СЈО е напаѓано од медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, што според мене е неприфатливо. Обвинителката мора да добие шанса да си ја заврши работата, вели Штајнакер.