„Шипо не го даваме“

Од:

Над 1000 поддржувачи за еден ден добила групата на социјалната мрежа Фејсбук за поддршка на претседавачот на општина Центар Мирослав Шиповиќ – осомничен за финансиски малверзации во „Машинопромет“.

„Денес Шипо, утре може да биде секој од нас уапсен. Спротивстави се. Делувај, Шипо е невин, не го даваме“, е описот на новата фејсбук група поддржувачи за Шиповиќ.

Групата беше формирана по полициската акција „Претседавач“ каде беа уапсени неколку лица инволвирани во фирмата во стечај „Машинопромет“.

На профилот е поставена слика со чоколадна торта со натписи за поддршка на Шиповиќ, кој како што самиот најави, утре од САД се враќа во Македонија.