Шилегов: Пуштена е втората велопатека на Водно, Скопје станува туристичка атракција

Од:

Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи.

„На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема. Новата велопатека „Flow“ е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје“, вели актуелниот и кандидат за иден градоначалник Петре Шилегов.

На Фејсбук, Шилегов објави видео од велосипедисти кои возат на новата патека.

„За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките кои ги направивме на Водно ги повикуваме сите љубители на природата недела на 24-ти Октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10:00 и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава“, вели Шилегов.