Шест прочистувачи на воздух во градинката „Кочо Рацин“ – клон Бели Мугри

Од:

Шест прочистувачи на воздух денеска доби градинката „Кочо Рацин“ – клон Бели Мугри. Со ова, значително ќе се промени квалитетот на воздухот што го дишат децата за време на престојот во градинката и ќе се намали ризикот за можни заболувања од загадениот воздух.

Донатор и овој пат е Ротари клуб „Камен мост“ – Скопје. Донацијата е овозможена од фирмата „Екотип“, од произведувачот Blue Air од Шведска.

Општина Центар ќе ги опреми сите градинки и училишта со прочистувачи на воздух, бидејќи како што посочи градоначалникот Саша Богдановиќ, здравјето на децата е приоритет, а ова е еден од начините за справување со загадениот воздух.