Шест менаџери на обука во Канада

Од:

Шест македонски менаџери ќе имаат можност да добијат стипендии за курсеви на Шулик школата за бизнис и посета на канадски компании. Стипендиите ги доделува организацијата Македонија 2025, а крајниот рок за пријавување на заинтересираните е 15 март.

Шулик Едукативниот центар е дел од Јорк Универзитетот од Торонто, рангиран меѓу топ 10-те светски бизнис школи според Фјаненшел Тајмс, Форбс магазинот, Бизнисвик, Волстрит журнал и Економист.

Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е заснован на принципот „токму-кога-треба“ учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи.

Стипендијата е во износ од 12.000-15.000 канадски долари, и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од 120 и повеќе курсеви чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори. Наменети се за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и петгодишно работно искуство, пожелно од извозно-ориентирани компании или владини институции.

Би можело да ве интересира

По 23-ти пат годинава избор на најуспешни 10 менаџерки

Ана Ололовска

Познати најуспешните Топ 10 менаџерки во Македонија

Ана Ололовска

Награди за најдобар менаџер во Македонија

Ана Ололовска

Прогласени најуспешни 10 жени менаџерки за 2016 година

Ана Ололовска

Избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки по 21-ви пат

Ана Ололовска

Емилија Зографска со награда за најдобар експерт за комуникации со јавноста

Ана Ололовска