Шест лица кршеле инвентар во ресторан во село Слушчане

Од:

На новогодишната вечер во ресторан во село Слупчане шест лица се заканувале на сопственикот за да се откаже од судски процес за претходен настан, по што кршеле инвентар.

Лицата влегле и седнале во ресторанот на 1 јануари во 1 часот и 20 минути, а по упатените закани кон Р.М. (22), сопственик на ресторанот, го оштетиле тоалетот, по што продолжиле со кршење на инвертарот, музичките инструменти и опремата.

За време на инцидентот бил повреден А.Г. (39) од село Ваксинце, откако еден од напаѓачите го удрил со чаша во главата, а повреден бил и Б.С. (38) од Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а на повредените им била укажана лекарска помош во општата болница во Куманово.