Шеќеринска: Владата се обврзала пред ЕУ да го реши статусот на борците на ОНА

Од:

Денеска на трибината „Како ЕУ може да работи подобро на Балканот“, свое обраќање имаше пратеникот и вицепремиер за евроинтграции, Радмила Шекеринска

Го нагласи отворањето на нови веб сајтови на интернет, на кои може да се најдат документи, но вели, сепак е проблем доколку некој од власта фобие непријатно или ненарачано прашање.

Шеќеринска тоа го покажа низ примерот со извештајот на Владата упатен до ЕУ за спроведување на Охридскиот договор, за кој рече дека примил многу фалби, но, од друга страна.

Но сепак овој документ останал недостапен за јавноста и набрзо се видело зошто. Се криела информацијата дека Владата презема обврска во идниот Закон за бранители да го реши и статусот на поранешните членови на ОНА или УЧК.

„Многу важен документ е извештајот за спроведување на Охридскиот договор. Ќе го прочитате на пет места во извештајот на Европската комисија, десет изјави имаше од различни места на ЕУ дека е многу добро што е направен извештајот, дека и одлично е што сме направиле нешто суштински важно, сме го подготвиле извештајот“, изјави Шеќеринска.

Таа почетокот на оваа политичка криза ја лоцира кон почетокот на август месец, кога конфликтот во рамките на владината коалиција се решаваше со тоа што едниот партнер во коалицијата предложи Закон за бранители во Владата, кој еве веќе 7 месеци е во процедура без надеж дека некогаш ќе се разреши.

И сега ние веќе 7 месеци живееме во една таква политичка криза и притоа истата Влада што ја стимулираше кризата подготвила извештај во кој што стои многу прецизно дека Владата презема обврска во идниот Закон за бранители, или каква веќе ќе му биде формата, да го реши и статусот на поранешните членови на ОНА или УЧК. Значи тоа го пишала истата Влада, го пратила во Брисел, значи тоа е официјалниот одговор на власта пред европските инстанци и тој одговор, се разбира, отсуствува од Македонија. Тој тип на „double talk“ зборување едно тука, едно во Брисел, нè чини многу и затоа жалам што Европската унија стана соучесник во сето тоа, посочи Шеќеринска на трибината „Како ЕУ може да работи подобро на Балканот“.