Уште еден напаѓач во Собранието од крвавиот четврток, заврши во куќен притвор, потврдуваат од скопското јавно обвинителство за „Макфакс“. Обвинителството осомничи уште едно лице за насилство врз пратеничката и сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Од Обвинителството за „Макфакс“ информираат дека оштетената пратеничка го препознала осомничениот во полициска станица и дека лицто е во ќукен притвор. „По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје на осомничениот му определи мерка куќен притвор“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.
Оттаму додаваат дека преземаат истражни дејствија за обезбедување докази и комплетирање на предметот, по што ќе донесат јавнообвинителска одлука. Ова е уште еден осомничен, покрај осудениот Панче Ангелов, кој откако призна вина, со правосилна пресуда доби 4 години затвор за напад врз пратеничката Шекеринска лани во Собранието.
Васко Маглешов