„По долго и неоправдано отсуство, еве и јас да се чекирам…“, напиша пред еден час во својот прв твит Радмила Шекеринска.
Пратеничката на СДСМ и претседателка на Националниот совет за евроинтеграгии, денеска отвори свој личен профил на социјалната мрежа Твитер.
Таа на шега побара и „грејс период за адаптација во следните недели“.
Инаку, Радмила Шекеринска е првиот политичар во Македонија која уште во 2008 година отвори свој личен профил на социјалната мрежа Facebook, каде директно и постојано комуницира со членовите на оваа заедница.
