Шаховска симултанка во општина Илинден

Од:

Интернационалниот македонски мајстор во шах, Димче Илиевски 20 пати победи, а две пет пати ремизираше на турнирот на првата симултанка што во организација на скопската општина Илинден, а во соработка со Шаховската федерација на Македонија, се одржа во Домот на култура „Илинден“.

Меѓу оние што успеаја да извлечат реми од интернационалниот мајстор беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Во Домот на култура „Илинден“ беше вистински празник на шахот. Покрај 25 шахисти што учествуваа во симултанката, Домот беше исполнет со десетици вљубеници во шахот кои што уживаа во потезите на Илиевски.

– Беше вистинско задоволство да се учествува на ваков натпревар, кој, морам да признаам, ме изненади со добрата игра на противниците, истакна по завршувањето на симултанката интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски.

За учество на симултанката, градоначалникот Стојановски му врачи посебна плакета на интернационалниот мајстор Илиевски, а за поддршката во организацијата плакета и додели и на Шаховската федерација на Македонија, што ја прими секретарот на Федерацијата, Иван Кочовски.