Сопругата на поранешниот министер на ВМРО-ДПМНЕ и ќерката на поранешен висок функционер на ДУИ кои се осомничени во случајот Македонска пошта, сеуште не се достапни за полицијата.
Тие не се меѓу лицата кои беа уапсени од полицијата и кои заедно со уште осуммина ќе одговараат за грабежот од 26 јули кога поштатат во чаир беше олеснета за над 200.000 евра.
Истражен судија и на двете им одредил мерка притвор во отсуство а МВР трага по нив.
Истата мерка им е одредена уште на 5 лица Покрај нив за грабежот ќе одговараат шефот на обезбедувањето на пошта, двајца поштари и неколкумина задолжени за безбедноста на парите.
Несовесното работење го утврдила внатрешната ревизија на поштата.