Семејството Нешкоски ќе поднесе пријава против Груевски и Мијалков

Од:

Денеска во 13 часот, семејството Нешкоски ќе одржи прес конференција пред зградата на Јавното обвинителство. Мајката на Мартин Нешкоски, Ленче Нешкоска ќе ја информира јавноста за кривичната пријава против Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и Дејан Митровски, која семејството ќе ја поднесе до Обвинителството, како и за активностите за утрешниот протест со кој граѓаните ќе бараат правда за Мартин и одговорност на власта и надлежните институции.