Селото Возарци ќе остане без вода за пиење денеска од 08.30 до 14 часот, поради дефект на доводот на вода до ова кавадаречко населено место.
-Екипа на Јавното претпријатие “Комуналец” замина на терен и правиме се што е во рамките на нашите можности, водоснабдувањето да се нормализира најбрзо што може. Затоа ги молиме водокорисниците за разбирање, информира Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при “Комуналец”.
