Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на двете седници се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај и Предлог – закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај во второ читање.