Седница на Главниот штаб на ЦУК за пожарите во Македонски Брод и Чашка

Од:

Во Центарот за управување со кризи денеска се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи откако Владата вчера поради пожарите донесе одлука за прогласување кризна состојба на подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка.

Како што информира Центарот за управување со кризи, со седницата раководел неговиот директор Агрон Буџаку, а присуствувале  претставници на АРМ, на министерствата за внатрешни работи, здравство и за транспорт и врски, од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Македонски шуми, ЈП за пасишта и ЗЕЛС.

– Беа донесени Предлог акциски план за превенција и справување со пожарите на подрачјата на Македонски Брод и Чашка и Предлог план за кординирано дејствување во кризните подрачја на општините Македонски Брод и Чашка, кои во текот на денот ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија. Истовремено, согласно со оперативните процедури, од присутните беше формирано работно тело и медиа центар, соопшти ЦУК.