Вчера во село Буковиќ од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Р.Б. (49), при што целосно изгореле приземјето и спрат, каде била неговата мајка М.Б. (83), која била пронајдена почината.
Пожарот бил изгаснат од екипи на противпожарната бригада. По наредба на јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството за погреб.