Се укина плаќањето придонеси за хонорари

Од:

Спорниот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците се повлече. Од први август сите оние кои заработуваат по основ на авторски договор или хонорар нема да мораат да ги плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување кои ги наметна владата.

Носењето законски измени со кои на хонораците им се наметна обврската да плаѓаат придонеси предизвика револт незадоволство и неколку протести на засегнатите хонорарци.

Укинувањето на плаќањето на придонесите на хонорарците, според Ставрески се прави од причина што со други мерки кои ги донесе Владата на Република Македонија се исцрпеле ефектите кои што биле предвидено да се постигнат.

-Во последните три месеци се реализира проектот Македонија вработува, каде што имаме мерка која што овозможува ослободување во период од 1-5 години од плаќањето на придонеси на лица кои што ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со статус редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, додаде Ставрески.

Законот стапи на сила на први јануари годинава и по само осум месеци владата го повлече. И покрај многуте забелешки и протестите, власта до последно го бранеше како добар закон кој бил корисен за луѓето во земјава.

Сега веројатно е покорисно да се намали незадоволството од “овој добар закон“ пред најавените избори во април.