А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се работи на документацијата за изградба на брана на река Отиња

by А1он28/05/2018 - 16:08503
Share0

Колку фирми ќе учествуваат во електронското наддавање за изработка на студија за оценка на влијание врз животната средина за изградба на брана на реката Отиња, ќе се знае в четврток, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Добивај вести на вибер

Општина Штип за оваа студија од буџетот има предвидено 590.000 денари, но на јавното наддавање ќе се знае која ќе биде најповолната понуда и за колку средства некоја од компаниите ќе ја изработи.

До крајот на годината треба да заврши комплетната ревизија на проектот, постапка, која е во тек, а исто така се изработува и инфраструктурен проект.

Градоначалникот Бочварски во неколку наврати истакна дека според експертите, најдобро решение за оваа брана е да биде земјена, а не бетонска. Општина Штип од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство добива 10 милиони денари за да се обезбеди комплетната документација, по што ќе може и да се почне постапката за добивање на градежна дозвола.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто