Шест лица, меѓу кои две деца беа повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладнето на патот Скопје – Тетово.
Возилото со неготински регистарски таблички излетало од патот од засега непознати причини.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а повредените лица биле пренесени во скопските клиники.