Се преврте автобус кај Желино, повредени пет лица

Од:

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила изутринава на патот Скопје-Тетово, кај Желино.

Сообраќајката се случила утрово околу 7:30 часот кога автобус од Гостивар, кој сообраќај на релација Скопје-Тетово, се превртел кај наплатната рампа Желино. Возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во земјениот насип крај патот.

Пет лица се здобиле со повреди и по укажана лекарска помош во тетовската болница се пуштени на домашно лекување, освен возачот.

Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причините за несреќата.